Достапни линкови

Комисии за проценка на штетите на терен


Комисиите за проценка на штетите од невремето од денеска се на терен. По проценките, граѓаните ќе добијат пари, а наскоро ќе им бидат префрлени и парите од еднократната помош на семејствата кои во поплавите загубија свои членови, рече премиерот Емил Димитриев при посетата на Стајковци.Тој вели дека е ангажирана војска и полиција, волонтери и доста градежна механизација за расчистување на теренот.

Сите жители од зафатените подрачја ќе бидат ослободени пет работни дена за да може да ги расчистат своите домови.

Димитриев апелираше да се внимава и околу стоката за да не се предизика дополнително зараза.

XS
SM
MD
LG