Достапни линкови

logo-print

Во српската влада ќе има и геј министерка


Новата влада на Србија ќе биде „комбинација на успех, искуство и свежина", изјави премиерот Александар Вучиќ на денешната прес-конференција. Вучиќ денеска во парламентот поднесе предлог за составот на новата влада и утре ќе ги претстави пред пратениците кандидатите за министри, и а програмата.

Во предложениот состав на владата има осум нови имиња. Кабинетот ќе биде составен од 18 министри, вклучувајќи тројца без ресор.

Вучиќ рече дека во неговата влада за првпат ќе има и геј министер, што е за првпат и на Балканот, а тоа ќе биде министерката за јавна администрација Ана Брнабиќ. Српскиот премиер вели дека е свесен оти одлуката може да привлече внимание на јавноста во земјата каде што хомосексуалците често се соочуваат со малтретирање.

„Нејзиниот личен избор не ме интересира. Таа е добредојдена во српската влада“, изјави Вучиќ.

Се очекува новата српска влада да биде потврдена до крајот на неделава, на три месеци по предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 24 април.

XS
SM
MD
LG