Достапни линкови

Киев обвини поранешен пратеник за сепаратизам


Судот во Киев го обвини поранешниот пратеник Володимир Медјанук дека ги поддржувал проруските сепаратисти во источниот дел на Украина.На пратеникот му е одреден двомесечен притвор. Според Судот, случајот против Медјанук е поврзан со апсењето на поранешниот лидер на проруската Партијата на Регионите, Олександар Јефремов. На Јефремеов му се суди во Киев под обвинение дека финансиски ги помагал проруските сепаратисти во Луганск.

XS
SM
MD
LG