Достапни линкови

logo-print

Ден на жалост и собирање хуманитарна помош за поплавените


Жителите на Скопје, организирани преку социјалните мрежи, на неколку места во градот, собираат хуманитарна помош за настраданите подрачја од поплавите што во саботата вечер зафатија делови од главниот град. Денеска е ден на жалост во Македонија во чест на жртвите од невремето. Владата донесе одлука за постоење кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена, како и одлука за доделување еднократен паричен надомест во висина од 300 илјади денари за семејствата на загинатите граѓани, се вели во соопштението од Владата.

XS
SM
MD
LG