Достапни линкови

logo-print

Заев: Време за помош, не за сликање


Не е време ниту за критики, ниту за какви било други активности или сликање, туку е време за конкретна помош на населението, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев кој денеска ги поседи скопските населби најпогодени од завчерашното невреме. Тој апелира секој од граѓаните да им помогне на локалните жители со она што може - вода, храна, хигиенски средства, пари,...

Заев вели дека општинските институции на Куманово, Струмица и Центар целосно ги ставаат своите ресурси на располагање за да им помогнат на останатите институции во справувањето со штетите. И активисти на опозициската партија помагаат на терен, вели Заев.

XS
SM
MD
LG