Достапни линкови

Руските параолимпијци против суспензијата за Рио


Сериозна повреда на човековите права е одлуката да им се забрани на руските параолимпијци, поради скандалот со допинг, да настапат на Параолимписките игри во Рио, следнот месец, велат од рускиот Параолимписки комитет. Претседателот на Комитетот Владимир Лукин, денеска на прес-конференција во Москва рече дека руските параолимпијци не се виновни за допинг. Тој вели дека е подготвен да докаже дека тимот ги исполнил сите свои анти-допинг обврски.
Вчера Меѓународниот параолимписки комитет соопшти дека и руските параолимпијци биле дел од државниот допинг скандал и им забрани да учествуваат на игрите кои треба да се одржат од 7 до 18 септември.

XS
SM
MD
LG