Достапни линкови

Судот ја намали казната за новинарката на РСЕ Исмаилова


Судот во Баку ја скрати казната на новинарката на Радио Слободна Европа Кадија Исмаилова од три ипол година казна затвор на две години и три месеци. Судот за сериозни кривични дела не образложи кои се причините за таквата одлука. Исмаилова беше уапсена во декември 2014 година, а во септември следната година беше осудена на 7 ипол години затворска казна. Судот ја обвини за затајување данок, проневера на имот, злоупотреба на службената положба и незаконско претприемништвото. Во мај годинава Судот отфрли дел од обвиненијата по што и ја намали казната. На случајот против Исмаилова се гледа како на одмазда против новинарката која е наградувана за нејзината истражувачка работа поврзана со корупција во која е вмешано семејството на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев.

XS
SM
MD
LG