Достапни линкови

Поплава од критики на социјалните мрежи


„Сега се виде целото ѓубре на ВМРО во овие 10 години. Парите потрошени за Скопје 2014 да се потрошеле на капитални објекти, немаше да се случи ова“, се само дел од коментарите.

Невремето во Скопје и во околните населени места, загубените човечки животи и материјалната штета се главната тема на вашите постови на Фејсбук страницата на РСЕ, почитувани. И иако имаше апели, како оној од лидерот на СДСМ, Заев, социјалните мрежи да не се користат за препукувања и барање виновници, Љупчо Барон не издржал, па искоментирал дека „сега се виде целото ѓубре на ВМРО во овие 10 години‟. Даниел Стојаноски смета дека парите потрошени за Скопје 2014 да се потрошеле на капитални објекти, немало да се случи ова. Трина Бехари, покрај неколку фотографии на Груевски и Коце Трајанов како пуштаат нови улици во Скопје, на Фејсбук трипати напишала само: „Оставка, оставка, оставка!‟ Гого Максим, пак, се буни зошто само за Скопје информирале медиумите, а не и за другите градови во земјата, на пример за Прилеп.

„Важно се гради‟ - постирала Соња Јаниќ проследено со намуртен Смешко, а Љубинка Заркадова одговара: „Важно има злобници‟. Јелмаз Красниќи се надоврзува: „Важно има злобници, криминалци, реклама колку сакаш, сè е идеално народе, не искачајте кога врне, не мислат на вас, туку да не им го видите изметот што го создадоа со Скопје 2014...‟ Ивана Живковска, пак, забележува: „Се испофалија за обиколницата, а целата се излизга‟.

Даниел Стојаноски постирал: „Може гондолите на Коце да запловат по Вардар...‟ а Гоце Стојановски анализира дека прво се средува основата, канализација, инфраструктура... „Потоа прави што сакаш. Па еве ти милијарди за споменици. Некој ќе каже политика се меша, па како нема кога сè ова е точно. Каде да оди таа вода, ако канализацијата е катастрофа‟, и се пошегувал: „Сега нов проект, кајчиња на попуст...‟

Нашата саботна анализа во која се наведува дека околу 180 илјади луѓе во земјава живеат со 40 денари на ден, и дека 2/3 од семејствата не можат да си дозволат месо ниту двапати во неделата, ги ослободила сите задршки на нашите фанови против актуелната социоекономска состојба и власта. Па, Илина Дубравац постирала дека: „Имаше кампања против јадење месо, за кампањата народот плаќа. И заради здравјето, платите се 200 евра за да нè заштитат од јадење нездрава храна‟. Дејан Спасов со иронија напишал: „Важно има воздух, живи ќе бидеме, за јадење не е битно, патриотите ќе ни помогнат‟. А Насер Авдили коментирал: „Ќе јадеме споменици и барок фасади!‟

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG