Достапни линкови

Во Македонија ден на жалост


Денеска е ден на жалост во Република Македонија во чест на жртвите од невремето што го зафати Скопје и околината во саботата навечер. Оваа одлука ја донесе Владата на вчерашната вонредна седница.

Владата донесе одлука за постоење кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена, како и одлука за доделување еднократен паричен надомест во висина од 300.000 денари за семејствата на загинатите граѓани, се вели во соопштението од Владата.

Како што се наведува, Дирекцијата за заштита и спасување е задолжена целокупната опрема од сите региони во државата да ја стави на располагање во кризните региони, а Владата препорача на општините кои располагаат со вакуум цистерни да ги стават на располагање на Град Скопје.

Донесена е одлука за доделување нафта за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонија пат“, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.

Заклучено е Јавното претпријатие за државни патишта да изврши санирање на обиколницата која беше оштетена во невремето.

XS
SM
MD
LG