Достапни линкови

Времето денеска- и натаму дожд


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат. Утринската температура се движи од 14 до 23 степени, а дневната ќе биде од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат. Температурата ќе се движи од 20 до 31 степени.

Утре сеуште ќе има услови за слаб локален дожд претежно, а в среда и четврток ќе биде стабилно. Од утре температурата на воздухот благо ќе се покачува.

XS
SM
MD
LG