Достапни линкови

logo-print

Косовскиот премиер изрази сочувство и подготвеност за помош


Косовскиот премиер Иса Мустафа изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите граѓани од невремето во Скопје и искажа подготвеност на неговата земја да и помогне на Македонија.

„Владата на Косово, предводена од премиерот Иса Мустафа, со загриженост и голема болка ги следи настаните предизвикани од невремето кое ја погоди Македонија. Владата изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите и Владата на Македонија и во истовреме искажува целосна подготвеност да му помогне на својот сосед, Република Македонија, во секој аспект за да ја надмине создадената состојбата“, се наведува во соопштението на косовската влада.

Косовската влада исто така е подготвена, во случај на потреба, да испрати специјални единици за потрага и спасување кои функционираат во рамките на косовските безбедносни сили.

XS
SM
MD
LG