Достапни линкови

Поради невремето делови од Македонија без струја


Екипи на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите предизвикани во снабдувањето со електрична енергија од невремето што вчера зафати делови од земјава.

Портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски информира дека засилени екипи се насекаде на оние места каде што има проблеми во снабдувањето или прекини каде што корисниците немаат доволно снабдување со електрична енергија.

Како што изјави тој најмногу проблеми во снабдувањето со струја има во Скопскиот, Битолскиот , Тетовскиот , Гостиварскиот , Кичевскиот, како и во регионот на Битола. Одредени проблеми во снабдувањето имало и во охридскиот регин.

Во скопскиот регион, како што рече, се уште остануваат без напојување Волково, Новоселски пат, Орман, Стенковец, Момин поток и Злокуќани. Проблем има и во Долно Блаце и граничниот премин Блаце има проблем соа и Топанско поле и Визбегово се без напојување со електрична енергија.

Во гостиварскиот регион проблем со снабдувањето има во Никифорово, Леуново, во битолскиот регион Гермија, Бач, Живојно и во Брод, а во охридскиот регион екипите интензивно работат на отстранување на дефектите во Долно и Горно Берово и Куратица.

Во кичевсиот регион проблеми има во Зајас, Горно Старвина, како и Самоков, Слатино, Крушеи и Топилница.

Во тетовскиот регион екипите работат во Шипковица, Бродец и Селце.

Во штипскиот регион Карбинци и Таринци се без напојување со електрична енергија и во битолскиот регион Гермија, Живојно, Скочивир и Брод.

XS
SM
MD
LG