Достапни линкови

Прекин на сообраќајот од Хиподром до Сарај


Силно невреме го зафати Скопје

Силно невреме го зафати Скопје

Сообраќајот по обиколницата од клучка Хиподром до клучка Сарај е во прекин од 20 часот синоќа поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода.

Диспечерски информативен центар на ЈП Македонијапат и Авто мотосојузот изутринава соопштија дека прекинот ќе трае до завршување на активностите околу нејзино расчистување.

Од 1.45 ноќеска прекин на сообраќајот има на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје кај клучка Југ, патничкиот сообраќај е пренасочен преку градско подрачје до клучка Север.

Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.

XS
SM
MD
LG