Достапни линкови

Ципрас организира средба со лидерите на шест земји од јужна Европа


Грчкиот премиер Алексис Ципрас упатил покани за средба до лидерите на шест земји од јужна Европа, на која би се разговарало за предизвиците на ЕУ на економско, политичко и институционално ниво. Според извори во грчката Влада, поканата за средбата предвидена за 9 септември, е упатена до лидерите на Италија, Кипар, Малта, Португалија, Франција и Шпанија.

Ваквата иницијатива на Ципрас се поврзува со идејата разгледувана на неговата средба со италијанскиот премиер Матео Ренци на маргините на Самитот на ЕУ на 28 и 29 јуни, за создавање на „Алијанса на европскиот Југ“, преку која би се координирале државите членки на Унијата од јужна Европа. Магазинот „Еуроактив“ наведува дека ваквата идеја наишла на поддршкаод страна на францускиот претседател Франсоа Оланд и португаслкиот премиер Антонио Коста, особено по одлуката на Велика Британија за напуштање на ЕУ.

XS
SM
MD
LG