Достапни линкови

Сириски бунтовници речиси целосно го заземаа Манбиџ


Сириски активисти велат дека алијанса на курдски и арапски борци преземале „речиси целосна контрола“ врз Манбиџ – стратегиски важен град кој беше заземен од групата на Исламската држава. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија денеска соопшти дека Сириските демократски сили (СДФ)„го чешлаат градот во потрага по последните преостанати џихадисти.“ Портпаролот на воениот совет на Маанбиџ, кој е сојузник на СДФ, Шарфан Дарвиш изјави дека бробите продолжуваат, но дека 90 проценти од градот е исчистен од милитантите на ИД. Офанзивата на СДФ поддржана од борци на САД и курдската милиција, започна пред два месеци.

XS
SM
MD
LG