Достапни линкови

Разбиена мрежа за шверц на мигранти преку Балканот до Италија


Во заеднича акција на италијанската, словенечката и унгарската полиција разбиена е мрежа за шверц на илегални мигранти преку Балканот до Италија. Како што соопшти италијанската полиција, пра акцијата се уапсени четири лица: две во северна Италија, едно во Будимпешта и едно во словенечкиот град Марибор, кои се обвинети за „злосторничко здружување и за поттикнување на илегална миграција“.

Според полицијата уапсените биле дел од „транснационална криминална група“, која ја сочинувале лица по потекло од Пакистан, а живеле во италијанскиот град Милано. Групата организирала илегален превоз на мигранти од Пакистан, Бангладеш и Авганистан, преку Блаканот и Унгарија, главно до Италија, но и до други земји во северна Европа. Во полициското соопштение се наведува дека групата од оваа криминална активност заработила околу половина милион евра.

XS
SM
MD
LG