Достапни линкови

Унгарија ќе ги разгледа барањата на Анкара за затворање на институции


Унгарија ќе ги разгледа барањата на Турција за затворање на институциите на нејзина територија, за кои Анкара смета дека се поврзани со „терористичката група што стои зад обидот за преврат“ во земјата на 15 јули, соопшти денеска унгарското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се посочува дека Турција побарала од Будимпешта да забрани некои институции и организации што функционираат во Унгарија, а кои, според Анкара, се поврзани и и обезбедуваат финансиска и интелектуална поддршка на терористичката организација која стои зад обидот за пуч.

„Унгарските власти ќе преземат мерки против посочените институции доколку недвосмилсено биде докажана нивната врска со тероризмот“, се додава во соопштението.

Турските медиумите претходните денови објавија дека Турција побарала од повеќе земји да ја забранат работата на институците и организациите поврзани со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е организатор на обидот за воен преврат во земјата.

XS
SM
MD
LG