Достапни линкови

Иран одговори на критиките за егзекуциите


Иран луто реагираше на критиките за неодамнешните егзекуции на 20 луѓе во земјата. Државните медиуми го цитираа министерот за надворешни работи, Бахрам Гасеми како го обвинува Западот за мешање во внатрешните рабти на Иран. „Се додека Иран е жртва на тероризам, ќе стори се да ја зачува безбедноста на своите граѓани“, рече Гасеми. Тој додаде дека егзекутиранитре убиле невини цивили и ширеле терор. Во извештаите се сугерираше дека повеќето од егзекутираните минатата недела биле сунитски муслимани од курдската заедница.

XS
SM
MD
LG