Достапни линкови

13 загинати во пожар во Франција


Француските власти соопштија дека во пожар, во бар во градот Руен во Нормандија загинале најмалку 13 лица и шестмина се повредени. Пожарот избувнал околу полноќ во подрумот на барот „Куба Либре“ во центарот на градот, за време на роденденска прослава. Министерството за внатрешни работи соопшти дека истрагата за утврдување на причините е во тек. Во извештаите се сугерира дека е можно свеќите од роденденската торта да го предизвикале пожарот. Жртвите наводно се на возраст меѓу 18 и 25 години, а се верува дека загинале од гас кој се ослободил од таванот од страна ан материјал кој бил запален.

XS
SM
MD
LG