Достапни линкови

Путин и Ердоган ќе ги нормализираат односите


Возобновувањето на проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“, укинувањето на ембаргото за чартер летови и за увоз на стоки, начините за надминување на кризата во Сирија и борбата против тероризмот, ќе бидат главни теми на средбата меѓу претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, што ќе се одржи на 9 август во Санкт Петербург, јави ТАСС.

Како што соопшти советникот на Путин, Јуриј Ушаков, прироритет на средбата ќе биде „воспоставување на нормално ниво на билатерална соработка во политичката, трговско-економската, енегретската и во други сфери“.

На средбата нема да бидат потпишани никакви договори, но дека сепак таа е од исклучително значење, бидејќи ќе биде прва меѓу двајцата претседатели по заладувањето на билатералните односи по урувањето на рускиот авион од страна на турските сили над границата со Сирија лани во ноември.

XS
SM
MD
LG