Достапни линкови

Лавров и Кери телефонски за Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му пренел на неговиот американски колега, државниот секретар Џон Кери, дека борбата против екстремистичките групи во Сирија мора да се засили, бидејќи некои милитанти користат отровен гас за напад на цивилите.

Лавров и Кери денеска телефонски разговарале за војната во Сирија. Нивниот разговор доаѓа на еден ден откако Москва остро ги критикуваше активностите на САД во Сирија, обвинувајќи го Вашингтон за поддршка на бунтовниците кои користат отровен гас врз цивилите.

Претседателот на САД Барак Обама вчера изјави дека не е сигурен оти може да им верува на Русија и на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе соработуваат со САД во борбата против екстремистите во Сирија, но дека сепак ги истражува можностите.

XS
SM
MD
LG