Достапни линкови

Заев: Нашата цел не е партиите да поставуваат луѓе


На конкурсот за ад-хок телото за медиуми се пријавиле 20-тина кандидати од различна етничка припадност. Неговото формирање на 100 дена пред изборите ќе придонесе кон подобрување на состојбата во медиумската сфера, изјави денеска во Струга лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Нашата цел не е партиите да поставуваат луѓе. Пративме апел до експерти и професионалци да се кандидираат на овој конкурс, а деновиве се изградени и критериумите согласно искуството, професионалното ангажирање на овие луѓе што конкурирале за да може да ја извршат мониторинг функцијата што ќе ја има мониторинг телото“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со очекувањата за намалување на спорните гласачи, рече дека прочистувањето на Избирачкиот список ќе ги отклони сите можности за фалсификат кои власта би можела да ги прави.

XS
SM
MD
LG