Достапни линкови

Ципрас организира средба со лидери од јужна Европа


Грчкиот премиер Алексис Ципрас упатил покани за средба до лидерите на шест земји од јужна Европа, на која би се разговарало за предизвиците на ЕУ на економско, политичко и институционално ниво, јави АНА-МПА.

Според извори во грчката Влада, поканата за средбата, предвидена за 9 септември, е упатена до лидерите на Италија, Кипар, Малта, Португалија, Франција и Шпанија.

Ваквата иницијатива на Ципрас се поврзува со идејата разгледувана на неговата средба со италијанскиот премиер Матео Ренци на маргините на Самитот на ЕУ на 28 и 29 јуни, за создавање на „Алијанса на европскиот Југ“, преку која би се координирале државите членки на Унијата од јужна Европа.

XS
SM
MD
LG