Достапни линкови

Инфантино не го прекршил етичкиот кодекс на ФИФА


Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е ослободен од обвинувањата дека го прекршил етичкиот кодекс на организацијата, по истрагата за личните трошоци и за методите за вработување. Истрагата покажала дека нема повреди на Кодексот на ФИФА. Комисијата соопшти дека утврдила дека нема конфликт на интереси. Придобивките во кои уживал Инфантино не се сметаат за несоодветни, а вработувањата на соработници не се земало како етичко прашања, туку како внатрешно прашање за кое имало согласност. Инфантино, кој го замени Сеп Блатер во февруари вети дека ќе се бори против раширената корупција во ФИФА. Тој денеска изјави дека е задоволен со одлуката.

XS
SM
MD
LG