Достапни линкови

Стартува Олимпијадата во Рио


Летните олимписки игри, триесет и први по ред, стартуваат на 5 август во Рио де Жанеиро, односно во еден часот по полноќ по Средновропско време. Церемонијата на отворањето ќе се одржи на стадионот Маракана. Олимписките игри, по првпат се одржуваат во Јужна Америка и ќе траат до 21 август. На Игрите ќе настапат 10.500 спортисти од 206 земји и еден тим составен од бегалци, а спортистите ќе се натпреваруваат во 28 спортови. На Олимпијадата во Рио настапуваат рекорден број на земји, а за првпат ќе настапат тимови од Косово и Јужен Судан. Игрите во Рио се во сенка на допинг скандалот во Русија, појавата на вирусот зика, како и проблеми со безбедноста и инфраструктурата на градот. Организаторите велат дека повеќе од 1 милион билети остануваат непродадени.

XS
SM
MD
LG