Достапни линкови

Во Србија шест случаи на малариja меѓу мигрантите


На територијата на Србија се потврдени шест случаи на маларија кај мигрантите, соопштија од српскиот Институтот за јавно здравје. Во соопштението на Институтот се наведува дека тие случаи не претставуваат поголема опасност за проширување на болеста.

„Во претстојниот период ќе продолжи интензивниот надзор за евентуални нови случаи на маларија, но опасност за населението нема. Таа болест се пренесува исклучиво преку каснување од комарец, но не и од човек на човек“, се нагласува во соопштението.

XS
SM
MD
LG