Достапни линкови

logo-print

ИД заробила луѓе кои бегале од борбите во Ирак


Екстремистичката група Исламска држава (ИД) заробила до 3.000 луѓе кои бегале од насилствата во северен Ирак, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН. УНХЦР вели дека луѓето од областа Хавига бегале кон Киркук кога биле заробени. Извештаите велат дека 12 од нив биле убиени. Според невладината организација Ирачка опсерваторија за човекови права заробени се околу 1.900 луѓе, меѓу кои и жени и деца. Борците на Исламска држава зазедоа големи територии од Ирак и Сирија од 2014. Оттогаш изгубија дел од териториите, но се уште ги контролираат Мосул во Ирак и Рака во Сирија. Поради борбите раселени се околу 3,4 милиони луѓе во Ирак до крајот на јули годинава.

XS
SM
MD
LG