Достапни линкови

Во Германија зголемен бројот на баратели на азил од Турција


Германската федерална канцеларија за миграција и бегалци, соопшти денеска дека бројот на баратели за азил од Турција нагло се зголемил во првите шест месеци оваа година во споредба со минатата година. Во соопштението се наведува дека 1.719 луѓе од Турција поднеле барање за азил од јануари до јуни оваа година, додека приближно толку турски баратели на азил регистрирани во текот на цела 2015 година, кога 1.767 побарале азил во Германија.

Канцеларијата ги потврди наводите на германскиот весник „Тагешпигел“, кој објави дека голем број баратели на азил припаѓаат на курдското малцинство кое живее на југоисточниот дел на Турција.

XS
SM
MD
LG