Достапни линкови

Одобрена изградба на џамија во Атина


Грчкиот Парламент го одбри предлогот за изградба на џамија во центарот на Атина, финансирана од државата, по повеќе неуспешни обиди поради несогласување на дел од јавноста и Грчката православна црква. Владејачката партија Сириза го поддржа проектот за изградба на џамијата во вредност од 750.000 евра, додека со предлогот не се согласуваа нејзините националистички коалициски партнери Независни Грци. Во Атина живеат повеќе десетици илјади муслимански мигранти, кои за молитва користат неофицијални простории надвор од главниот град.

XS
SM
MD
LG