Достапни линкови

Бомбашки напад врз Собранието на Косово


Полицијата на Косово потврди дека синоќа по 23 часот се случила силна експлозија пред зградата на косовското собрание, во која нема повредени. „Нападот предизвика материјална штета, но немаме информации за можни повредени“ изјави портпаролот на полицијата на Косово Даут Хоџа. Косовските медиуми јавуваат дека двајца моторциклисти истрелале граната додека поминувале во близина на зградата на парламентот. Хоџа потврди дека во населбата Таук Башча на околу километар од собранието бил пронајден запален мотор за кои се сомнева дека го користеле напаѓачите. Експлозијата се случи во време на тензии околу договорот за демаркација на границата со Црна Гора што вчера беше ратификуван од косовската влада. Опозициските партии се против овој договор. Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај го осуди нападот кој го оцени за напад врз државата и демократијата.

XS
SM
MD
LG