Достапни линкови

Рускиот олимписки тим ќе брои 270 спортисти


На вкупно 270 руски спортисти им е дозволено да настапат на Олимписките игри во Рио, изјави шефот на Олимпискиот комитет на Русија, Александар Жуков. Тој рече дека добил документи од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) со кои се потврдува дека 270 руски спортисти може да се натпреваруваат на летните Олимписки игри. Спортистите се соочуваа со забрани поради допинг-скандалот. Денеска тричлена комисија на МОК повторно ги разгледуваше барањата на спортистите да настапат на игрите и поништи неколку одлуки донесени од меѓународните спортски федерации. Првично олимпискиот тим на Русија броеше 387 спортисти, но по конечната одлука на 117 од нив им е забрането да се натпреваруваат на Олимпијадата во Рио.

XS
SM
MD
LG