Достапни линкови

logo-print

Судот го отфрли предлогот на СЈО за осомничени во „Тврдина“


Немам мерки за претпазливост за тројца осомничени во случајот Тврдина, одлучи Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Судот ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка со кои се одби предлогот за определување мерки за претпазливост за лицата Т.Ј., Н.Б. и В.С. опфатени со предметот на СЈО познат како „Тврдина“.

Од Судот велат дека жалбата на Обвинителството се одбива како неоснована.

СЈО го отвори случајот Тврдина за уништување на опрема за прислушување. Во случајот првоосомничен е поранешниот началник на Петта управа на МВР Горан Грујевски, а трето осомничена поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

XS
SM
MD
LG