Достапни линкови

Турција издаде официјален налог за апсење на Ѓулен


Суд во Истанбул денеска издаде официјален налог за апсење на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во американската сојузна држава Пенсилванија.

Судот наложи апсење на Ѓулен под обвинение дека бил организатор на неуспешниот обид за воен удар на 15 јули, во кој загинаа повеќе од 270 луѓе.

Турската Влада бара од САД тој да биде екстрадиран во Турција.

Анкара го прогласи движењето на Ѓулен за терористичка организација. Ѓулен ги отфрла обвиненијата за негова вмешаност во обидот за државен удар.

XS
SM
MD
LG