Достапни линкови

Таџикистан осуди 170 луѓе за обидот за државен удар


Властите во Таџикистан осудија 170 луѓе за соучесништво во вооружениот обид за соборување на претседателот Емомали Рахмон минатата година. Луѓето биле осудени на затворски казни од една до 30 години. Тие се осудени по многу обвиненија, меѓу кои и убиства и членување во криминална група. Вооружениот обид го иницираше тогашниот заменик министерот за одбрана Абдулахим Назардода, кој подоцна со уште 15 соучесници беше убиен од безбедносните сили.

XS
SM
MD
LG