Достапни линкови

logo-print

Норвежанец со сомалиско потекло уапсен за нападот во Лондон


Уапсен е човек осомничен за нападот со нож во Лондот, при што една жена беше убиена, а петмина други беа повредени. Уапсен е 19- годишен државјанин на Норвешка, со сомалиско потекло. Полицијата соопшти дека не нашле докази за терористички мотиви или радикализам. Полицијата верува дека станува збор за „спонтан напад“ и дека жртвите биле избрани случајно. Нападот се случи синоќа на плоштадот Расел во центарот на Лондон. Починатата жена била Американка и имала околу 60 години, а повредените се од Британија, САД, Израел и Австралија. Двајца од повредените се уште се во болница. Градоначалникот на Лондон Садик Кан повика народот да остане смирен и внимателен.

XS
SM
MD
LG