Достапни линкови

Русија осуди мажи кои пропагирале радикален ислам


Архивска фотографија - судење на член на Хизб-ут-Тахрир.

Архивска фотографија - судење на член на Хизб-ут-Тахрир.

Четворица членови на исламистичката организација Хизб-ут-Тахрир се осудени на осум години затворска казна во рускиот град Челјабинск. Од руската Федерaлна служба за безбедност соопштија дека мажите се виновни за тоа што членувале во забранета терористичка група и пропагирале екстремистички идеи. Во изминатите месеци неколку членови на организацијата се уапсени и осудени во регионот околу Челјабинск, што е блиску до границата со Казахстан и регионот Башкортостан, во кој живеее претежно муслиманско население. Рускиот Врховен суд ја забрани групата во 2003 и ги опиша како екстремисти. Членовите на Хизб-ут- Тахрир пак велат дека групата е мирољубива.

XS
SM
MD
LG