Достапни линкови

logo-print

Турција ги отфрла критиките од Австрија


Турскиот министер за европски прашања, Омер Челик, денеска изјави дека коментарите на австрискиот канцелар, кој сугерира дека треба да се окончаат преговорите со Анкара за влаз во Унијата, се „вознемирувачки и блиски до реториката на крајната десница“.

Австрискиот канцелар Кристијан Керн повеќе не смета дека Турција е кандидат за членство во ЕУ. Порача дека мора да се прифати реалноста, а тоа е дека пристапните преговори со Турција во моментов се само фикција.

„Критиката со сигурност е демократско право, но мора да се прави разлика меѓу тоа кога некој ја критикува Турција и кога е против неа“, вели Челик.

Истовремено, министерот за обрана на Австрија Ханс Петер Доскоцил отворено побара итна суспензија на пристапните преговори на ЕУ со Турција.

„Се укажува на воспоставување на диктатура, а таква држава во ЕУ нема што да бара“, истакна Доскоцил.

XS
SM
MD
LG