Достапни линкови

Рускиот боксерски тим ќе настапи во Рио


Сите 11 руски боксери кои се квалификуваа за Олимписките игри во Рио имаат дозвола да се натпреваруваат. Денеска Меѓународната боксерска асоцијација објави дека тие можат да настапат во Рио, на еден ден пред официјалното отворање на Летните игри. Од Агенцијата велат дека вршеле поединечна анти-допинг анализа на секој боксер.
Претходно, шефот на олимпискиот тим на Русија, Александар Жуков, предвиде дека околу 280 од вкупно планираните 387 руски спортисти ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Рио.

XS
SM
MD
LG