Достапни линкови

„Ловецот“ немал доволно гориво да го урне авионот на Ердоган


Недоволното количество гориво е причината поради која воениот авион ловец само го пресретнал, но не го урнал авионот на турскиот претседател за време на обидот за преврат во Турција на 15 јули, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Авионот Ф-16 на бунтовниците само му се доближил на ТС-АТА, авионот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, доволно за да го гранатира.

Претседателскиот авион полетал од аеродромот во местото викано Даламани биле преземени сите потребни безбедносни мерки. Заради претпазливост, пред да се насочи кон Истанбул, авионот околу половина час кружел во воздух над градот Бандрма. Во тој момент „ловецот“ тргнал од Истанбул и му го пресекол патот на Ердоган. Сепак, на крајот „ловецот“ бил принуден да се повлече поради недостиг на гориво. По повлекувањето на „ловецот“, авионот на Ердоган слетал на аеродромот „Ататурк" во Истанбул, пишува весникот „Јени шафак“.

XS
SM
MD
LG