Достапни линкови

logo-print

Грција загрижена за договорот со Турција за мигрантите


Грчкиот министер за миграции Јанис Музалас изјави дека Атина со загриженост ги следи настаните во Турција по обидот за државен удар во минатиот месец. Тој демантира дека Грција побарала од Европската унија да направи нов план во случај Турција да се откаже од договорот постигнат со Унијата за запирање на бранот мигранти. Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу претходно во Анкара рече дека Турција би можело да се откаже од договорот доколку Брисел нема да го испочитува ветувањето за визна либерализација за Турците.

XS
SM
MD
LG