Достапни линкови

Српскиот тенисер Ѓоковиќ фаворит за Олимписко злато


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека бил изненаден што пет од десетте врвни тенисери во светот го откажале учеството на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Станува збор за Роџер Федерер, Стан Вавринка, Милош Раониќ, Томаш Бердих и Доминик Тием. „Тие имаат свои причини и го почитувам тоа“ рече тој додавајќи дека на турнирот ќе учествуваат Енди Мари, Рафа Надал, Кеј Нишикори. Ѓоковиќ освои бронзен медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

XS
SM
MD
LG