Достапни линкови

Хашкото обвинителство го одбива барањето на Младиќ


Обвинителството на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, денеска побара да биде одбиено барањето на адвокатите на поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ, за прекин на постапката што се води против него пред Хашкиот трибунал.

Хашкото обвинителство смета дека нема основа за запирање на постапката против Младиќ и дека барањето на неговите адвокати е „неосновано и само непотребно го троши времето и ресурсите на Судот“.

Адвокатите на Младиќ кон средината на минатиот месец побараа прекин на постапката против него пред Хашкиот трибунал поради „системска пристрасност“ или изземање на судиите Апфонс Ореиха и Кристофер Флаџ и на нивно место именување на „непристрасни судии“.

XS
SM
MD
LG