Достапни линкови

Ердоган бара прошка оти некогаш соработувал со Ѓулен


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска побара прошка од Бога и од народот, бидејќи не го видел навреме „вистинското лице“ на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот обид за преврат на 15 јули.

Ѓулен беше близок соработник на Ердоган додека сегашниот претседател беше градоначалник на Истанбул во 90-тите години на минатиот век и откако неговата партија дојде на власт во 2002 година.

Ѓулен, кој живее во егзил во САД, ги отфрла обвиненијата на турските власти дека тој го организирал обидот за воен удар во Турција.

XS
SM
MD
LG