Достапни линкови

Папата упати порака пред Олимпијадата


Олимпијадата треба да ги поттикне луѓето ширум светот да манифестираат поголема меѓусебна солидарност и разбирање, порача папата Франциско во пресрет на Летните олимписки игри, што в петок почнуваат во бразилскиот град Рио де Женеиро.

„Се надевам дека во денешниот свет кој копнее за мир, толеранција и помирување, духот на Олимписките игри би можел да ги инспирира сите учесници манифестираат добра борба и заедно да стигнат до целта“, порача папата во својата олимписка порака, парафразирајќи цитат од Библијата.

XS
SM
MD
LG