Достапни линкови

Јагланд: Турција да ги казни пучистите, но да почитува човекови права


Турција треба да ги казни одговорните за неуспешниот обид за воен удар, но тоа треба да биде сторено во согласност со владеењето на правото и почитувањето на човековите права, изјави денеска во Анкара генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.

На заедничка прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, Јагланд рече дека во Европа малкумина сфаќаат во колкава мерка тајни организации се инфилтрирале во турската армија и правосудство.

Јагланд е досега највисок европски официјален претставник што допатува во Турција по обидот за воен удар во земјата на 15 јули.

Во пресрет на денешната посета на Анкара, Јагланд во понеделникот изјави дека Советот на Европа е загрижен од степенот на „чистки“ кои се вршат во војската, државните институции, универзитетите и медиумите во Турција по обидот за преврат.

Генералниот секретар на Советот на Европа рече дека една од основните цели на неговата посета во Турција е собирањето на факти за обидот за преврат и за реакциите на турските власти по него.

XS
SM
MD
LG