Достапни линкови

Ирачки пратеници обвинети за корупција


Ирачкото Обвинителство поднесе тужба против неколку пратеници обвинети за корупција. Претходно министерот за одбрана го обвини собранискиот спикер Салим ал Џубури и неколку пратеници за корупција. Денеска од ирачкото обвинителство велат дека се поднесени тужби против сите луѓе што ги споменал министерот за одбрана. Вчера ирачкиот премиер им забрани на пратениците да ја напуштат земјата, додека трае истрагата.

XS
SM
MD
LG