Достапни линкови

Шведска нема да екстрадира во Турција луѓе поврзани со Ѓулен


Шведска соопшти дека нема да ги екстрадира во Турција луѓето со потекло од оваа земја, на кои им е одбиено барањето за азил, а за кои „со сигурност е потврдено“ дека се поврзани со неуспешниот обид за пуч во Турција.

Во соопштението на шведската Служба за миграција се наведува дека станува збор за „приврзаници на опозицискот лидер Фетулах Ѓулен“, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за преврат.

Оваа одлука е донесена три дена по обидот за пуч на 15 јули, а објавена е денеска.

Службата додаде дека барателите на азил „со кредибилни политички опозициски активности“, исто така спаѓаат во ризичната група.

XS
SM
MD
LG