Достапни линкови

Во кампот во Гевгелија евидентирани 80 мигранти


Во надворешниот шатор на Прифатниот центар за мигранти и бегалци во Гевгелија изминативе 24 часа се евидентирани 80 бегалци кои се фатени во неколку обиди за нелегално минување на границата од Грција во Македонија. Тие биле приведени од страна на граничната полиција, соопштија претставници на меѓународната организација за мигранти.

Најголем број од нив се од Авганистан и од Сирија, а има и од Мароко, Ирак, Пакистан, Тунис и од Алжир. Половина од нив се бегалци кои доаѓаат од земји каде се водат воени дејствија, а половина се сметаат за економски мигранти кои тргнале во потрага по подобар живот во некоја од земјите на ЕУ.

Овие мигранти по извршената проверка од страна на безбедносните органи се враќаат на грчка територија од каде што влегле. Од регионалниот Центар за управување со кризи во Гевгелија, информираат дека во Центарот во Гевгелија се сместени 120 бегалци останати по затворањето на балканската рута. Двајца од нив моментно се наоѓаат во болница во Скопје, а двајца во Невропсихијатриската болница во Негорци.

XS
SM
MD
LG