Достапни линкови

Расте бројот на цивилни жртви во источна Украина


Обединетите нации соопштија дека бројот на настрадани цивили во борбите во источна Украина повторно расте и се врати на нивото како минатото лето. Во борбите меѓу владините сили и проруските сепаратисти се убиени повеќе од 9.400 луѓе од април 2014. Од Канцеларијата на ОН за човекови права денеска соопштија дека во јуни биле повредени 57 луѓе, а 12 починале. Бројката на жртви е речиси дупла во споредба со претходниот месец, односно мај 2016, а е највисока бројка од август 2015, кога имаше 65 повредени и осум жртви.
Повеќе од половина од сите жртви во изминатите два месеци се предизвикани од бомбардирање, велат од ОН.

XS
SM
MD
LG