Достапни линкови

logo-print

Обама: руското хакирање нема да ги смени односите


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека наводното руско хакирање на компјутерите на Демократската партија, доколку биде потврдено, нема драматично да ги смени и онака лошите односи меѓу двете земји. Илјадници мејлови од Комитетот на Демократската партија беа обелоденети јавно, со што на извесен начин беше засенет почетокот на конвенцијата на која Хилари Клинтон стана претседателски кандидат. Клинтон ја обвини Русија за хакерскиот напад. Кремљ тоа го демантира. „САД веќе имаат многу разлики со Русија за многу прашања, но мислам дека ние сме способни да останеме фокусирани врз оние области каде што имаме заеднички интерес“, изјави Обама.

XS
SM
MD
LG